Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Тендерот за „Чебрен“ пропадна немање капацитет и знаење од владата за капитални проекти

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека тендерот за „Чебрен“ пропадна поради пропусти и немање капацитет ниту знаење од владата за капитални проекти. Уште пред еден месец, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски отворено предупредуваше за пропусти во постапката за реализација на проектот „Чебрен“.

Алармиравме дека владата неколку пати ги менувала одлуките поврзани со изградбата на хидроцентралата „Чебрен“, со што создаде сложена ситуација и потенцијално голем проблем во иднина, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Додаваат дека тогаш СДСМ тврдеше дека нападите се малициозни и невистинити.

Месец дена подоцна проектот пропадна, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе