Конкретни мерки против загадувањето а не празни ветувања. Ова го бараат активистите против заерозагадувањето во Струмица и почнување со активности уште на стартот на оваа година. Без одлагања, институциите да покажат на терен дека се бараат загадувачи.
За Танушев, важно е да се работи координирано, и да не се кажуваат паушални заклучоци според кои 85% од граѓаните се причина за загадувањето, а официјалните податоци се дека 60% од струмичани се греат на дрва.
Општината како првоповикана за справување со овој голем проблем, особено изразен во зимскиот период од годината, вели дека се разгледуваат крткорочни, среднорочни и долгорочни мерки и веднаш ќе пристапат кон нивно спроведување.
Костадинов тврди дека овој проблем не се става под тепих, туку се нагласува за да се дојде до решение.
Оваа зимска сезона Струмица повторно е меѓу најзагадените градови во државата. Активистите реагираат дека инситуциите не се доволно ангажирани ниту опремени за справување со овој проблем.
Сузана Мицева