Вести Македонија Топ вести

Павиќевиќ: Посакувам година со креативни предизвици и инспиративни решенија

Јас не бев ученик со сите петки и точно знаев кои предмети ме интересираат и каде треба треба да го дадам максимумот. На тој начин јасно се гледа колку труд сум вложил во тој предмет, кои се моите интереси и ангажмани, вели Павиќевиќ, стипендист на прворангираниот универзитет во светот, „Харвард“ каде што меѓу другите студирале и осум претседатели на САД и 49 добитници на Нобелова награда. Според  критериумите на „Харвард“ покрај академскиот дел, се вреднуваат и воннаставните интереси на кандидатот.

„Јас не бев кандидат на кој сите оценки му беа највисоките можни оценки, да кажеме 5,00, туку по некои предмети имав пониска оценка и така јасно се диференцира колку труд сум вложил во тој предмет меѓутоа и колку имам талент. Тоа важи за сите ученици, бидејќи не можеме да очекуваме од едно човечко битие да биде одлично на сите полиња, во сите академски дисциплини и мислам дека е многу пофер и за индивидуата, за колективот и за општеството оценките да бидат вистинска мерка за нечие знаење или постигнување. Така доловуваме на сите колку таа личност знае, наместо да се лажеме себеси и останатите дека сите се одлични, затоа што таа оценка не вреди ништо“, изјави Лука Павиќевиќ.

Секојдневието во Бостон ги разоткрива бројните културолошки разлики меѓу македонската и американската култура и човек треба да се навикне.

„Има едно чувство на ладност, што можеби кај нас го нема, не е присутно. Секако постои чувство на компетитивност, затоа што сите се остварени деца на академски план, остварени млади луѓе кои имаат свои амбиции и жалам што можеби понекогаш се случува некој во бркањето на своите амбиции да го заборави другиот човек, па да се заборави грижата за другиот и за колективното“, додава Павиќевиќ.

Доколку се погледне статистички, може да се забележи дека кај нас и во светски рамки најголемиот број студенти се одлучувааат за професии кои носат финасиски бенефит следствено на тоа и насоки на факултетите кои ќе им овозможат пристап до истите.

„Ова е нешто што се забележува во светски рамки. Опаѓа интересот за хуманистичките науки, опаѓа интересот за уметноста, за јазиците, бидејќи на нив се гледа како на професии кои не даваат финансиска сатисфакција. Во меѓувреме ние како општество забораваме на се што тие дисциплини ни дале на нас како една светска цивилизација. Јас искрено одлучив да не го следам тоа, па се одлучив да студирам историја“, смета Павиќевиќ.

Во Новата година посакува секое враќање во Македонија да биде причина да се увери дека конечно има јасни критериуми за вистинските вредности, луѓе со насмевки на лицата и иднина со креативни предизвици и инспиративни решенија.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе