Вести Македонија

Како директорот на Соравија Дрин Ахмети носел 749 пиротехнички средства во гепек

Внукот на Али Ахмети, Дрин кој синоќа е приведен откако во неговиот автомобил беа откриени стотици огномети и пиротехнички средства ќе добие соодветна пријава, уверува МВР.

-На 30.12.2023. во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираа од полицијата.

Дрин Ахмети инаку е управител на компанијата “Соравиа инвест” која го поседува 30-тина милиони евра вредниот Соравиа деловен центар сместен до ГТЦ во Скопје. Зделката за преземање на Соравиа беше сомнителна бидејќи самиот внук на Ахмети кажа дека ќе добое 39 % без да уплати ниту едно евро на почетокот на зделката.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет, но од ова обвинителство кое го води Ислам Абази, сограѓанин на Дрин од Зајас и пријател на таткото на Дрин, нема никакви информации за постапката.

Во меѓувреме, Дрин Ахмети на 1-ви септември оваа година е избран за управител на Соравија заедно со еден бугарски државјанин. Промената е впишана во централниот регистар на 13-ти септември. Неполни 4 месеци подоцна Дрин како директор на Соравиа е фатен со полн гепек пиротехника и огномети.

Соравиа инаку во 2022-ра имала добивка од речиси 50 милиони денари (околу 860 илади евра), но останала должна на УЈП над 2,2 милиони денари.

ФОТО: Што нашле полицајците во возилото на Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Приватните превозници ги паркираа автобусите, бараат од ЈСП да им го исплати долгот- граѓаните залудно чекаат со часови

Дејан Дејан

Гласањето за Предлог-извештајот за Македонија одложено за 24 јуни

Дејан Дејан

Израелската војска ги прогласи pатиштата кон центрите за хуманитарна помош за воена зона

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе