Вести Македонија Топ вести

Маглата откажа два лета од скопскиот аеродром, некои авиони беа пренасочени кон Софија и Приштина

Поради магла на Меѓународниот аеродром во Скопје до 15 часот се откажани ноќниот/утринскиот лет од/до Белград на „Air Serbia“ и летот до Фридрихсхафен на „Wizz Air“.

Како што информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје, утринскиот лет од/до Истанбул на „Turkish Airlines“ беше откажан, но за денеска беше најавен дополнителен лет (време на пристигнување во 15:20 часот, време на полетување во 16:05 часот од скопскиот аеродром).

Двата лета на авиокомпанијата  „Wizz Air“ (Дортмунд и Малпенса) биле пренасочени кон аеродромот во Приштина.

Летот од Љубљана на „Wizz Air“, пак, бил пренасочен кон Софија.

„Сите други редовни летови се со одредено пократко или подолго доцнење“, информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе