Вести Македонија Топ вести

Судскиот совет ќе одлучува за иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховен

Судскиот совет денеска на јавна седница ќе одлучува по иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

Според Законот за Судски совет, постапката за утврдување одговорност на судија е од доверлив карактер и треба да биде без присуство на јавноста, но судијката Адеми побара на сослушувањето на биде присутна јавноста, односно да бидат присутни медиумите.

Судскиот совет со осум гласа „за“ одлучи да го прифати нејзиното барање.

Иницијативата за дисциплинска одговорност со разрешување беше поднесена откако Адеми во интервју посочи дека судот со којшто раководи се соочува со политички притисоци и закани од разрешување на врховни судии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓните ги добија првите сметки за струја со упатство како се читаат броилата

Дејан Дејан

Над 20 повредени откако се преврте автобус во северна Германија

Дејан Дејан

Експлозија на бензинска пумпа во Рим, повредени полицајци и пожарникари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе