Вести Македонија Топ вести

Спасовски: Криминалитетот се намалува, полицијата открива повеќе кривични дела

Во текот на изминатите 12 месеци биле регистрирани над 19 илјади кривични дела, а вкупниот криминалитет се намалил за 8 отсто во однос на претходната година, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Полицијата расветлила 60 отсто од случаите.

Министерот за внатрешни работи и раководството на МВР се пофалија со зголемен обем на откриени кривични дела од областа на организираниот криминал, криумчарењето мигранти, зголемена ефикасност во борбата со шверц на дрога, зголемени заплени на оружје и муниција, намалување на бројот на разбојништва и тешки кражби и намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи.

„Министерството за внатрешни работи ги надмина ланските достигнувања во работењето на полето на безбедноста, кои, да потсетам, беа најдобри во последните 30 години. Статистиката говори за континуитет во намалувачките трендови на криминалните области, поточно годинашниот просек говори за намалување на вкупниот криминалитет за 8 проценти наспроти ланските 6 проценти со постигната ефикасност на полицијата од околу 60 проценти“, изјави Спасовски.

На годишниот брифинг со медиумите за 2023 година, Спасовски рече дека полицијата го покажала својот капацитет со зачувувањето на јавниот ред и мир и безбедноста при организацијата на два големи меѓународни настани – 50-тата Европска регионална конференција на Интерпол и 30-тиот Министерски самит на ОБСЕ.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе