Вести Економија Топ вести

Само формални одлуки го делат 14 тиот тендер за Чебрен од нов неуспех

Се поизвесно е дека и 14 тендер за изградба на  ХЕЦ Чебрен е на чекор до пропаѓање.  Од Министерството за животна средина за Телма со краток став.

Рокот е до 31 декември. На втори јануари ќе се донесат сите одлуки согласно тендерската постапка и законите, валат од Министерство за животна средина.

До крајот на годинава грчката Архиродон треба да каже дали ќе го потпише договорот или не.

Со оглед на тоа што претходно не се потпиша ниту договор со грчката фирма за формирање на заедничко тело за вложување, а од нивна страна се уште нема никакви сигнали, информациите говорат,  а и се поизвесно е дека и овој обид за изградба на Чебрен ќе заврши без успех.

Претходно грчката страна поднесе и жалба  поради тоа што условите во тендерот биле поинакви од оние  кои се донеле со одлука на Влада и бараа измени. Но, министерот Бектеши пред два дека кажа дека помени нема да има.  А ако некој потпише таков договор за измени ќе подлежи на кривично дело и ќе си има работа со судовите и обвинителството.

Откако, Владата на седница одлучи грчката Архиродон да биде таа која ќе го гради Чебрен, дел од експертската јавност неколку пати побара проектот да биде стопиран со образложение дека тендерот не е добар. Пратија и претставки до неколку и институции, а доставија и писмо до претседателот Пендаровски.

Нивните наводи се дека земјава има капацитет и може сама да го гради, наместо странци со години да управуваат со нашата вода и струја.

Ако грчкиот инвеститор се одлучи да го гради, проценките се дека  ќе чини околу една милијарда евра со камати. Но, инвеститорот би ја добил и ХЕЦ Тиквеш.  ЕСМ ќе се јави како партнер и ќе треба да изгради пат до централата и да ја поврзе на мрежа. За користење на водите грчката ППЦ би плаќала еден отсто годишно од продадената струја.

Чебрен е децениски проект за кој досега имало 13 неуспешни тендери  во последните 20 години.

Ирена Чачкова 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две жртви на временски непогоди во Италија – црвен метеоаларм во 18 градови

Дејан Дејан

Опасната бактерија листерија во маслинки во Германија – повлечена цела серија од два ланци на маркети

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 2.7.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе