Индустриското производство во ноември 2023 година, во однос на ноември лани е помало за 2,3 отсто. Во периодот јануари – ноември годинава, пак, во споредба со истиот период во 2023, се бележи зголемување од 1,3 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, бележи опаѓање од 8.3 %, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 2.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 9.4 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустријам според ДЗС, е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место.
Според главните индустриски групи, производството во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 3.9 %, Капитални производи за 6.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.6 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.7 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 22.8 %.