По смртта на 26-годишната родилка од Делчево на КАРИЛ во Скопје, а која од штипската болница била донесена во лоша здравствена состојба од Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавија вонреден инспекциски надзор, во болницата влегува инспектор од Кочани, кој денеска ќе го истражува случајот. Министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната прес-конференција потврди дека случајот ќе се истражува.
Во писменото соопштение од штипската Клиничка болница дека родилката е примена на Одделот за гинекологија и акушерство на 26 декември околу 10,20 мин., за породување. Десетина минути подоцна, пациентката колабира, со ниска тензија, немерлив пулс и знаци за шок.
- Веднаш е внесена во операциона сала, направено е итно породување со царски рез на бебето, кое е веднаш транспортирано на Детска клиника,а поради голема количина на крв во абдоменот, четворица хирурзи почнуваат операција за спас на пациентката. И покрај дадената крв и крвни деривати и операција, пациентката предоперативно, за време на операцијата и постоперативно е со тешка клиничка слика и хемодинамски нестабилна, се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.
Конзилиумот од двајца анетезиолози, двајца гинеколози и етири хирурзи одлучуваат пациентката да биде префлрлена на КАРИЛ – Скопје за понатамошен третман, каде што и почина. Според комисијата за контрола на квалитет и етички прашања нема пропусти во третманот на пациентката.
- Бидејќи секако овој случај ќе биде предмет на анализа на институции кои ја контролираат нашата работа, ќе почекаме да видиме, што е причината за ваквиот исход и дали од наша страна е постапено според медицинските протоколи и медицина базирана на докази, стои во соопштението на Клиничка болница-Штип.
Новороденчето на родилката е примено на детската клиника во Скопје, ставено на механичка вентилација.
Викторија Јованова