Вести Македонија Топ вести

Фатиме Фетаи ќе бара Владата да ја сопре постапката за избор на државен јавен обвинител

Обвинителката Фатиме Фетаи во текот на утрешниот ден писмено ќе се обрати до Советот на јавни обвинители, кој ја отфрли нејзината кандидатура за државен јавен обвинител поради непотполна документација.

Таа за Телма вели дека ги исполнува сите услови за Јавен обвинител. Заради повреда на нејзиното право за понатамошното учество во постапката за именување на јавен државен јавен обвинител таа ќе бара преиспитување на одлуката за отфрлање на документацијата како некомплетна. Фетаи ќе се обрати и до Собранието и до Владата заради стопирање на понатамошниот тек на постапката се до конечно утврдување на правилноста на одлуката на советот на јавни обвинители. На вчерашната седница на советот, кандидатурата на Фетаи беше отфрлена бидејќи не поднела уверение за деловна способност. Позитивно мислење советот даде за кандидатурата на Љупчо Коцевски, а негативно мислење за кандидатурата на обвинителката Лидија Раичевиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе