Вести Македонија Топ вести

УПОЗ контра Уставен: Постојат повеќе од четири закони според кои вработените во јавниот сектор добиваат надополнување на платите

Во моментот на сила се повеќе од 4 закони, според кои вработените во јавниот сектор добиваат надополнување на платите. Ова го кажаа од Синкатот на УПОЗ на денешниот, трет ден протест пред Уставен, по вчерашната изјава на претседателката на овој суд, Добрила Кацарска, дека на вработените во Министерството за финансии, Бирото за јавни набавки и Управата за имотно правни работи, им се замрзнати надополнувањата на платите за 30% зашто тоа било направено незаконски, со примена на стар закон. Претседателот на УПОЗ го повика и министерот за финансии, Бесими, да не ги заплашува вработените во Финансии, дека е кривично дело ако поради незадоволството од намалените потпросечни плати го затворат Трезорот и го покани да седнат и да го потпишат новиот колективен договор на ниво на работодавец за да остане додатокот од 30%. Подршка на протестите дадоа и од ССМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе