По тенковите, борбените хеликоптери и муниција која не се користеше, но најде примена на фронтот во Украина, Македонија за првпат нема да одговори позитивно на барањето на Киев за нова воена помош. Пред месец дена е барана опрема и оружје кои се користат во АРМ.
По влегувањето во НАТО, но и по отпочнување на руската агресија во Украина, зголемени се и разузнавачките ризици и врз припадници во АРМ, но и врз политички носители за да се откријат информации од интерес на тие непријателски служби, рече министерката нагласувајќи дека македонските агенции работат на спречување на вакви операции.
Началникот на АРМ, генерал Ѓурчиновски кому ова му е последна година од мандатот на чело на Армијата нагласи дека таа редовно ги извршува своите задачи.
На брифингот со новинарите, двајцата посочија дека наредната година ќе продолжи модернизацијата на армијата и подобрување на условите за работа на нејзините припадници.
Миомир Серафиновиќ