Сите плати ќе се израмнат со минималнатта плата. Не може да има плата, пониска од законски утврдениот износ на минимална плата ниту во приватниот, ниту во приватниот сектор, истакна министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Со тоа се заштитуваат вработените дека плата исплатена под минимална плата не може да има никој. Тој што имал 22.000 денари, а мин ималната плата е 23.000, ќе му се усогласи со минималната плата. И сега, ако некој зема помала плата од минималната, треба да се пријави на државниот Инспекторат за труд за да може рабодавачот да биде санкциониран и да му се зголеми платата“, вели Тренчевска.
Во делот на Општиот колективен договор, министерката истакна дека се фокусира на платите, на покачувањето на платите и на сите останати придобивки, односно поголеми работнички права. Во овој Колективен договор, како што додаде Тренчевска, не е спомната минималната плата.