Вести Македонија Топ вести

Студентите излегоа на улица, вечерва и опозицијата – постизборни тензии во Белград

Со студентски протести и блокада на Министерството за државна и локална самоуправа во Белград продолжуваат протестите против резултатите од изборите то се одржаа на 17-ти декември. Студентите се собраа откако Министерството го одби нивното барање за увид и ревидирање на Избирачкиот список. 

Тие ги наведоа и законите за кои тврдат дека се прекршени за време на изборите што се одржаа во неделата.

„Претпоставуваме дека имаше многу нерегуларности во изборниот процес пред една недела, бидејќи мислиме дека имаме некои точки (податоци) кои ни покажуваат дека имало многу луѓе кои не живеат во Белград и гласале во Белград. Така, денес ги имаме блокадите, бидејќи министерството не ни ги покажа списоците на луѓе кои гласале во нашиот град“, вели Никола Ристиќ, демонстрант.

За вечерва во 18 часот прозападната опозициска коалиција Србија против насилството повика на нови протести со барање за поништување на изборите и нивно повторување на сите нивоа.

Не се откажуваат од нивните барања и покрај синоќешната бурна ноќ во центарот на Белград во која полицијата ги потисна демонстрантите кои беа собрани пред Градското собрание. Уапсени се 38  луѓе. Се товарат за обид за насилна промена на уставниот поредок и насилничко однесување. Началникот на српската полициска Управа Ивица Ивковиќ, изјави дека полицијата продолжува со собирање докази и процесуирање луѓе кои учествувале во настаните, велејќи дека очекува бројот на уапсени да се зголемува.

„Дојдовме во ситуација да имаме повредени осум полициски службеници, меѓу нив и колега со тешки телесни повреди. Какво било насилство, блокади на сообраќајници и мостови кои внесуваат немир и го пореметуваат нормалниот живот на граѓаните нема да бидат толерирани“, изјави Ивица Ивковиќ, началник на полициска Управа.

Коалицијата Србија против насилството обвини дека инцидентите на синоќешниот протест ги предизвикаа хулигани што ги испратила власта. Коалицијата оцени дека режимот на српскиот претседател Александар Вучиќ уште еднаш го покажал своето вистинско, насилно лице.

Вучиќ, пак, преку Инстаграм порача дека не се плаши од демонстрантите и дека ќе ја одбрани демократијата во Србија. 

Комитетот на правници за човекови права излезе со оценка дека полицијата извршила насилство врз граѓаните и дека користела прекумерна употреба на сила. Сметаат дека со ваквото постапување се кршат основните граѓански права на слобода и безбедност, но и правото на јавно собирање.

Протестите против изборните резултати во Србија почнаа минатиот понеделник, ден по изборите, кога коалицијата Србија против насилство обвини за изборен инженеринг и кражба на гласови со носење луѓе од Република Српска да гласаат на изборите, но со носење луѓе од внатрешноста на Србија да гласаат на изборите во Белград. Овие тврдења ги потврдија и меѓународни и домашни набљудувачи.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јовановиќ: Данок за немажени и неженети имало во фашистичка Италија и во СССР за време на Сталин

Дејан Дејан

(Видео) Шишање на улица, запреа возови, во застој и метрото во Прага – голем дел од Чешка без струја

Дејан Дејан

Блупринт: Загрозен е независноста на Академијата за судии и јавни обвинители

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе