Вести Македонија Топ вести

Пешева во „Топ тема“: Дишеме воздух со едни од најзагадените состојки

Ние не дигаме бело знаме, вршиме константен притисок, иако само последниот месец се одбиени три, според мене, клучни амандмани во собранието, кои што „О2 Иницијатива“ ги поднесе конкретно за Дрисла, истакна Ели Пешева од „О2 Иницијатива“ во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Тие беа за прочистителни станици за отпадни води, постројка за секундарна селекција на отпад и депониски гас. Пратениците во комисијата, исто така, гласаа против и она што е најстрашно е што дел од тие пратеници на интерпарламентарната зелена група со која заедно работиме на тие планови, менување на законските акти, амандмани, итн. Она што го бараме ние како граѓанско здружение е издвојување на поголем буџет за да може да се затвораат тие проблеми, еден по еден. Но, еве во декември можеме да констатираме дека ги дишеме едни од најзагадените состојки во воздухот“, изјави Пешева.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставен не најде дискриминација кај судијата Димовски

Дејан Дејан

Расправа за ребеланс на буџет

Дејан Дејан

Прегазен на пешaчка патeка пред владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе