Вести Македонија Топ вести

Бизнис партнер на соработник во ФИТР добил грант, Фондот негира конфликт на интереси

ФИТР грант, Зеро-оне солутионс, ТРИДОТ, Висар Рамадани

Фирма на бизнис партнер на соработник на Фондот за иновации и технолошки развој добила грант од 40 илјади евра од Фондот. Опозицијата обвинува за конфликт на интереси. Во Фондот негираат.

Фирмата Зеро-оне солутионс доби грант од 2 милиони и 456 илјади денари, или околу 40 илјади евра од ФИТР за проект за електронски интегриран систем за комуникации. Сопственик на оваа фирма е Фатмир Шакири. Истиот човек е косопственик на фирмата Тридот, заедно со Висар Рамадани, соработник во Фондот за иновации.

Пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ претходно објави дека грант добила фирмата ТРИДОТ, но подоцна се исправи дека се работи за Зеро-оне солутионс и праша дали во случајов има конфликт на интереси.

Директорот на ФИТР негира какво било влијание при изборот на компании кои добиваат грант од Фондот. Вработените во Фондот не одлучуваат за тоа. Комисијата што ги оценува апликациите е составена од странци, вели тој.

„Ниту Висар Рамадани, ниту некој од вработени во Фондот за иновации и технолошки развој може да одлучи која компанија ќе биде грантист“, изјави директорот Фестим Халили.

Висар Рамадани, пак, ни одговори дека кога фирмата Зеро-оне солутионс аплицирала и го добила грантот, тој немал деловен однос со сопственикот. Тие аплицирале за грантот во јуни, а го добиле на 20 октомври. Заедничката фирма Тридотс била формирана на 25 октомври годинава, но таа ниту барала, ниту добила пари од Фондот.

„Секако би постоел конфликт на интерес ако овој субјект аплицира или добие грант од ФИТР во кој сум ангажиран како надворешен соработник, иако тоа е невозможно затоа што ниту ТРИДОТС ниту јас лично никогаш не би се довеле во ситуација да се аплицира за проект во ФИТР во околности кога еден од основачите или управителот се ангажирани лица во ФИТР“, стои во одговорот на Рамадани.

Инаку, ФИТР одобри 2,3 милиони евра грантови за стартап компании.

Срѓан Стојанчов

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе