Вести Македонија Топ вести

Две и пол илјади петарди запленети на Бит Пазар, полициски контроли во повеќе градови низ дражавата

Над две и пол илјади парчиња петарди и пиротехнички средства полицијата денеска заплени на импровизирана тезга на скопски Бит пазар. Контролите на МВР продолжуваат во речиси сите градови низ државата а во последните петнаесетина дена полицијата успеа да тргне над 40 илјади парчиња пиротехнички средства од улиците.

Против скопјанецот кој денеска беше приведен на Бит Пазар МВР ќе поднесе кривична пријава.

„Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.В. (35) од Скопје, кој бил затекнат како на импровизирана тезга продава разновидни пиротехнички средства. Запленети се вкупно 2619 разновидни пиротехнички средства. По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од МВР.

Вчера пак во Битола беа запленети речиси седум илјади парчиња петарди и пиротехнички средства кои беа запленети во домот и возилото на шеесетгодишен битолчанец против кого исто така ќе биде поднесена кривична пријава.

Паралелно со засилените контроли, полициските службеници реализираат и превентивна едукативна кампања по мотото „петарди НЕ, безбедноста пред се“  во Скопје, Битола, Струмица, Велес, Куманово, Штип, Струмица и Тетово. Партнер во кампањата е Клиниката за пластична хирургија а таргет е младата популација, средношколците и основците на кои им се предочуваат ризиците од употреба на пиротехника, казните и евентуалните повреди.

А кога станува збор за нелегална продажба на петарди и пиротехнички средства казните се движат меѓу 200 и 500 евра но доколку при употребата има повредени лица тогаш одговорноста е кривична а доколку станува збор за малолетник ќе одговара неговиот родител.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Силна експлозија во Газа откако Хамас даде „позитивен одговор“ на предлогот за прекин на огнот

Дејан Дејан

Тошковски: Ќе има одговорност за трагедијата во „Пулс“ – поднесени кривични пријави против функционери

Дејан Дејан

Во смртоносни поплави во Тексас загинаа 24 лица во летен камп – се трага по 20 деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе