Градовите во земјава, кои се сместени во котлини деновиве имаа есктремно аерозагадување, на нив се придружи и Штип кој е познат по чистиот воздух. Зголемени концентрации на ПМ честички бележеше станицата за мерење на квалитетот на воздухот и во Штип.
Ректорот на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, Дејан Мираковски вели ова се должи на серија денови со мирен воздух, денови без ветер, што е реткост за Штип. Од попладнево ПМ честитчките се намалуваат и се доближуваат до 50 микрограми на метар кубен.
Мираковски смета дека се ретки деновите без ветар во Штип, засега овој град има најдобар квалитет на воздух. Тој заедно со тим на научници изминатите месеци почнаа со мерењата на аерозагадувањето во Струмица, Куманово, Гостивар, Струга и Кавадрци. УНДП и Шведска за овие општини издвоија 2,3 милиони евра.
Притисок врз индустријата и но и промената на начинот на греење во домовите, од 2012-та година резултатите од мерењата покажуваат дека опаѓа концентрацијата на ПМ честички во воздухот, но според Мираковски процесот се одвива многу споро и ќе бидат потребни повеќе години за да имаме квалитетен и чист воздух.
Викторија Јованова