Вести Македонија

Понуди и разговори има, но „Алијанса“ ќе пресече како ќе настапи на престојните избори по Нова Година

Дали ќе ја прифати понудата на опозицијата, ќе настапи самостојно или пак ќе оди со ДУИ со кого во моментов го сочинуваат владеачкото мнозинство се трите можности кои стојат на масата на партијата „Алијанса за Албанците“ за претстојните парламентарни избори. Одлуката ќе се донесе по Нова година и ќе ја донесе централното Собрание на партијата.

Високи партиски извори за Телма брифираат дека контакти има со двете страни и опозицијата и владеачката ДУИ, но во партијата има и силна струја која бара на претстојните избори да се настапи самостојно. За раководството е клучно што гласачкото тело на партијата е традиционално опозициски настроено и затоа мора да се направи длабока анализа и да се најде формулата тие максимално да се мотивираат пред да се донесе било каква одлука. Според нашите извори, интерните анкети покажуваат дека партијата ќе го повтори резултатот од претходните избори и ќе има сигурен број пратеници како што е во моментов за да биде значаен фактор при преговорите за составување на идната Влада.

Иако на 29 декември ќе има состанок на централното претседателство на партијата, евентуалната одлука може да се очекува во првата половина на јануари а ќе ја донесе централното Собрание на партијата.

Вчера од опозициската коалиција „Европски сојуз за промена“ кој го сочинуваат партиите „Демократско движење“, „Беса“ и „Алтернатива“ соопштија дека вратата за Алијанса и Таравари нема да остане уште долго време отворена и тој треба да пресече меѓу клиентелизмот и волјата на неговите гласачи.

Од ДУИ пак засега нема официјален повик за заеднички настап со Алијанса или пак потврда дека се разговара на таа тема со партнерот во Владата.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе