Вести Македонија Најважни

Алиу се надева дека со нови закони ќе се спречат корупцијата и партиските вработувања во администрацијата

Министерот за информатичко општество и администрација,  Азир Алиу е убеден дека со новите законски решенија кои  се во собраниска  процедура ќе се намали  вработувањето на партиските кадри со кои се полнат институциите, а  Македонија ќе добие јавна администрација по европски стандарди

-Во моментот располагаме со голем број вработени во јавната администрација, со нејасно дефинирани процеси за вработувања и кариерен развој, хаотичен систем за плати, и сето тоа влијае во тој систем на сервиси во јавната администрација, ние излеговме со три нови закони кои сите ги подобруваат процесите во јавната администрација, Азир Алиу, министер за информатичко општество и администрација.

За да се подобри профилот на вработените во јавната сектор, министерот  вели дека мора државата да вложува. За професионализација на администрацијата  ќе придонесе и академијата за вработените во јавниот сектор, кој е дел од новите законски решенија, рече Алиу

-Креираме закон со кој ќе се формира академија за јавна администрација, а вработените ќе мора да следат обуки да полагаат испити. Истиот закон дефинира и услови за директорите кои ќе мора да следат обуки, рече Алиу.

Министерот смета  дека процесот на дигитализација на јавната администрација ќе ја спречи и корупцијата во овој сектор.

-Корупцијата ќе биде отежната, бидејќи дигитализацијата сама по себе ти дава можност за транспарентност и следење на процесите, вели Алиу.

Алиу вели дека Министерството за информатичко општество и администрација не е надлежно за вработувањата во јавниот сектор. Уверува дека во првите 6 месеци од годинава имало мал  број  на врботувања, но рече дека не е во негова надлежност зошто огласите  се отвораат на крајот од годината.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе