Вести Македонија

Преобемна бирократија за финансиската поддршка за учениците

Хаос пред Заводот за вработување. Откако Mинистерството за образование го објави повикот за финансиска помош за основците и средношколците, родителите и старателите во трка со времето да ги соберат потребните документи. Камерата на Tелма ја регистрираше сликата пред Заводот, каде луѓето револтирано стоеа пред затворените врати.

Вработените не ги примаа од врата, туку преку прозор им ги даваа потврдите дека се невработени.

По некое време ги упатија луѓето на задниот влез за да продолжат да чекаат. Дел од нив си заминаа разочарани, откако им беа побарани дополнителни документи, поточно извештај од состојба на сметка во банка, што за голем дел од нив беше нелогично затоа што банкарска сметка – немаат.

„Ако немаш сметка во банка како да приложиш документ за да му помогнеш на детето. Илјада и осумстотини не се пари на денешно време, ама ете книгите и така ги копираат, па можеш барем тоа да го покриеш за детето. Од каде да најдам сега потврда. Ништо. Значи ова се што го кажуваат е фарса. Колку да речат луѓето дека нешто даваат, а ние што имаме  проблем знаеме колку даваат и на кој начин даваат“, вели една граѓанка.

Финансиската помош е за основци и средношколци чии вкупни домашни месечни примања се помалку од 50.000 денари. На сајтот за образование објавен е повикот кој е активен до крајот на неделата. Но за да аплицирате ви требаат време и нерви за да ја минете бирократската процедура.

За аплицирање потребна е копија од трансакциска сметка на родителите , потврда за последно исплатена плата на родители или старатели, ако е дете на разведени доказ од правосилна судска пресуда, а ако еден од родителите е починат доказ од книгата на умрените. Основците кои ги исполнуваат условите ќе добијат по 1.200 денари, а средношколците по 1.800 денари, во наредните 6 месеци.

Повикот ќе биде објавен секој месец за оние кои не се пријавиле претходно, а оние кои ја добиле финансиската помош секој месец ќе мора да ги доставуваат документите во училиштата за да се продолжи правото на користење на мерката.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

16 финансиски институции и банки сакаат да ја финансираат брзата пруга – условите се уште непознати

Дејан Дејан

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе