Вести Свет

Српските граѓански активисти изневерени и од владата во Белград и од ЕУ – опозицијата се надева на почеток на крајот на Вучиќ

Србија викендот ќе гласа. Граѓаните во недела ќе излезат на гласачките места и ќе изразат волја на локални и парламентарни избори, но кому ќе укажат доверба да биде на чело на Белград во наредните четири години. Земјата е пред уште еден изборен процес за кој аналитичарите, како и многупати досега, го оквалификуваат како крстопат меѓу истокот и западот.

Кога Србија ги започна разговорите за влез во Европската унија во 2014 година, прозападно ориентираните Срби се надеваа дека процесот ќе ја постави нивната земја на неповратен пат кон демократизација. Таквиот оптимизам исчезна деценија подоцна и заменет со чувствата на предавство – и кон владата, која се лизна кон автократија, и кон ЕУ која направи малку за да го спречи тоа.

Граѓанските активисти со низа забелешки кои се однесуваат на зголемен авторитаризам, владина корупција и организиран криминал. На протестите во изборниот период против владата имаа закани на улиците и на социјалните мрежи, дел, пак, се соочија со откази на работните места во државните компании.

Србија и пред ерата на Вучиќ важеше за земја која бавно ги спроведува реформите кои беа услов за кандидатски статус за ЕУ. Дури и по прогласување на членството во Унијата како стратешка цел, властите во Белград се обидуваат да градат и одржат поцврсти врски со Русија и со Кина. Околу 40 отсто од српското население е за членство на земјата во ЕУ, што за прозападните активисти го сметаат за успех.

Претседателот Александар Вучиќ ги отфрли критиките дека неговата влада ги ограничила демократските слободи и дозволила корупцијата и организираниот криминал да излезат од контрола. Опозицијата е со забелешки дека нема доволно простор за промоција во провладините медиуми, додека десетици групи за човекови права, пак, се соочија со истраги за нивните финансии.

Србија од 2014 година бележи меѓународен пад на демократијата, во извештајот на „Репортери без граници“ се нотираат политички притисоци врз новинари. „Фридом Хаус“, пак, во најновиот извшетај забележува дека актуелната власт во континуитет ги еродира политичките права и граѓанските слободи.

Како и неколкупати во минатото кога чувствуваше дека губи контрола, Вучиќ распиша предвремени парламентарни и локални избори за десетици српски градови и градови, вклучувајќи го и Белград. Опозицијата овојпат се надева дека ќе го наруши неговиот авторитет и ќе успее да преземе контрола врз голем број на локални совети.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе