И во војната има правила рече претседателот на Генералното собрание на ОН, Денис Францис на синоќешната вонредна седница која беше свикана откако Америка стави вето на резолуцијата во Советот за безбедност, а со која се бараше хуманитарен прекин на огнот во Газа.
Синоќешната седница беше свикана на барање на Арапските и Исламските нации, а расправата беше жестока, иако големата поддршка на резолуцијата не е обврзувачка, сепак е од големо значење и има политичка важност.
Од 193 члена на светското тело, 153 гласаа ЗА, 10 беа против, меѓу нив САД и Израел, а 23 воздржани.
Израел почна да пумпа морска вода во подземните тунели во Газа
Бајден изјави дека Израел почнува да ја губи глобалната поддршка
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Израел почнува да ја губи глобалната поддршка поради неговото „недискриминирачко бомбардирање“ на Газа. Ова е можеби и најсилната критика досега кон раководството на Израел, а коментарот го даде на донаториски настан каде се собираа средства за предизборната претседателска кампања.
Бајден и понуди непоколеблива јавна поддршка на земјата откако Хамас ги започна своите напади на 7 октомври. И додека тој повтори дека Израел може да смета на американската поддршка, тој упати директно предупредување до неговата влада – дека сега не станува збор само за Америка, туку и за ЕУ, и целата меѓународна заедница.
Се огласија и од Хамас, од каде рекоа дека Бајден конечно го разбрал лудилото на Израел, кое може да го чини загуба на нов претседателски мандат.