Вести Свет Топ вести

Хамас со закана: Нема никој од заложниците да излезе жив ако не ни се исполнат барањата

Се разгорува војната во Газа, а медијаторот Катар соопшти дека шансите за ново примирје меѓу Израел и Хамас се повеќе се намалуваат, но притисокот мора да пости. Хамас преку соопштение предупредуваат дека ниту еден од останатите 138 израелски заложници нема да излезе од Газа жив се додека не им се исполнат барањата и продолжат преговорите. Израелската влада е под се поголем притисок од страна на семејствата на заложниците кои останаа во рацете на Хамас, по прекинот на седумдневното примирје. Во меѓувреме, Израел нареди цивилното население да се повлече од Кан Јунис за да не се најде во средината на тешките борби кои следуваат.

Израелската војска потврди дека неколку милитанти од групата Хамас им се предале во изминатите неколку дена. Според премиерот Нетанјаху, ова претставува „почеток на крајот на Хамас“, дополнително  го покажува неуспехот на Хамас и неговата борба против Израел. Уапсените се задржани на распит од страна на израелските разузнавачки служби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе