Вести Свет Топ вести

Продолжуваат напорите за прекин на огнот во Газа, тврди Катар

Посредувањето за постигнување примирје во војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Појасот Газа продолжува и покрај постојаните израелски напади кои ја „намалуваат можноста“ за позитивен резултат, изјави денеска катарскиот премиер.

Нашите напори, кои државата Катар ги вложува заедно со своите партнери, продолжуваат. Ние не се откажуваме од нив, посочи Мохамед бин Абделрахман ал Тани на Форум во Доха.

Тој потенцираше дека „продолжувањето на бомбардирањето ги намалува можностите“.

Војната започна по ненадејните напади на палестинските екстремисти, предводени од Хамас, на 7 октомври на југот на Израел, во кои беа убиени повеќе од 1.200 луѓе, главно цивили, а беа земени околу 240 заложници. Израелската војска соопшти дека 137 заложници се уште се држат во Газа.

Потоа Израел почна одмазнички напади и според податоците на Министерството за здравство во Газа, бројот на загинати од почетокот на војната надмина 17.700, каде најголем број се жени и деца.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе