Вести Свет Топ вести

Арапските и исламските земји бараат од САД да извршат притисок врз Израел за прекин на огнот во Газа

Неколку арапски и исламски земји ги повикаа САД да одиграат „поширока улога“ во притисокот врз Израел да прифати прекин на огнот во војната во Газа, соопшти денеска катарското Министерство за надворешни работи.

Повикот беше упатен на средбата во Вашингтон меѓу министрите за надворешни работи на Катар, Египет, Јордан, Саудиска Арабија, Палестина и Турција со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Тие се членови на министерскиот комитет формиран од вонредниот арапско-исламски самит, чиј домаќин беше Саудиска Арабија минатиот месец, за да се разговара за ситуацијата во Газа.

За време на нивните разговори со Блинкен, официјалните лица изразија разочарување поради неуспехот на Советот за безбедност на ОН да донесе резолуција за итен прекин на огнот во Појасот Газа од хуманитарни причини, откако САД го искористија правото на вето, се вели во соопштението на катарското Министерство за надворешни работи.

Додека 13 од 15-те членки на светската организација гласаа за во петокот, САД, клучниот сојузник на Израел, стави вето на нацртот поднесен од Обединетите Арапски Емирати. Британија се воздржа.

Членовите на арапско-исламскиот комитет, исто така, го обновија своето „обединето отфрлање“ на тековната израелска воена кампања во Газа, сиромашна енклава со околу 2,3 милиони луѓе, и повикаа на „целосен“ прекин на огнот за заштита на цивилите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе