Вести Свет Топ вести

Советот за безбедност на ОН ќе гласа за повикот за прекин на огнот во Газа

Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за нацрт-резолуција со која се бара прекин на огнот во Газа. Ваквиот развој на настаните доаѓа откако претходно шефот на ОН Антонио Гутереш за прв пат во својот мандат одлучи да се повика на членот 99 од Повелбата на ОН според кој „Генералниот секретар може на Советот за безбедност да му го стави како приоритетно секое прашање што според него може да го загрози одржувањето на меѓународниот мир и безбедност.

Обединетите Арапски Емирати подготвија нацрт-резолуција што ќе биде ставена на гласање, потребни се најмалку девет гласа „за“ и без вето на САД, Русија, Кина, Франција или Велика Британија за истата да биде усвоена.

Бројот на убиените сега е над 17.000 Палестинци, а бројот на убиени и повредени е околу 65.000. Голем број од нив, 70 проценти од нив се жени и деца. Ова е нешто што е толку одвратно и срамно да се гледа, како овој голем број деца се убиени, повеќе отколку во било кој друг конфликт од создавањето на Обединетите нации, изјави Ријад Х. Мансур, постојан набљудувач во Обединетите нации, Палестина.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска од Дубаи упати повик до Израел да дозволи поголема хуманитарна помош во насока на намалување на страдањата на цивилите во земјата. Посочи дека Израел води војна со Хамас, а не против цивилното население.

Работите не можат да продолжат како што се сега. Израел има право да се брани во рамките на меѓународното право, но никој не може да остане рамнодушен кога илјадници деца се убиени или оставени напуштени. Кога луѓето повеќе не можат најдете место каде што можат да бидат безбедни или да најдат заштита, порача германски министер за надворешни работи Аналена Бербок.

Во последните денови, израелски тенкови навлегоа во јужниот дел на Газа, почнувајќи од вториот по големина град Кан Јунис. Тоа означува мрачно ново поглавје во војната. Израел одреди безбедна зона во јужниот дел на Газа, но неговата проширена воздушна и копнена офанзива ги остави Палестинците во тешки хуманитарни услови. Израелската војска најави дека наредниот период ќе продолжи со опсежни апсења во обиде да ги пронајде палестински милитанти.

Зборуваме за поединци кои се апсат во Џабалија и Шеџаја, упоришта и центри на концентрирање на Хамас. Зборуваме за воено способни повозрасни мажи кои беа откриени во областите во кои пред неколку повикавме да се евакуираат цивилите. Ние баравме евакуација на тие упоришта на Хамас со цел да се лоцираат чудовиштата на Хамас од 7 октомври со минимална штета на цивилите, изјави портпарол на израелската влада, Ејлон Леви.

Војната меѓу Израел и Хамас влезе во третиот месец, а Обединетите нации предупредија дека нивната операција за помош е „во распад“ бидејќи ниту едно место во опколената енклава не е безбедно. Меѓувреме и денеска во Тел Авив но и други градови ширум земјата се огласија сирените со предупредување за можен ракетен напад од територијата на Газа, а голем број луѓе побрзаа да се скријат во најблиските засолништа.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе