Останато Спорт

Каратистот на Макпетрол, Стефан Стојановиќ освои сребрен медал на Светската карате лига во Венеција

Каратистот на Макпетрол, Стефан Стојановиќ продолжува да реди успеси на меѓународната сцена откако денеска се закити со сребрениот медал на последниот сезонски тутнир во Светската карате младинска лига што се одржува во Венеција, Италија.

Во категоријата над 84 килограми, Стојановиќ во елиминациите имаше четири победи по ред. Тој денеска во големото финале се соочи со Украинецот Данил Касијанов и беше поразен со минимален резултат 0-1.

Тренерот Петар Заборски беше задоволен од настапот на целокупниот тим на Макпетрол на овој силен турнир на кој беа пријавени дури 4.133 натпреварувачи од 81 земја.

„Задоволни сме од настапот на сите каратисти од тимот на “Макпетрол”, успеавме да освоиме еден сребрен медал и остваривме два високи пласмани на 7.место, успеавме да го продолжиме
континуитетот на освојување на медали од најелитните карате натпревари, ова е вкупно 47-ми медал за нашиот клуб од најелитните Светски карате премиер лиги, во сениорска и младинска конкуренција. Во Венеција направивме одлична контрола и годината ја завршуваме со освоен светски медал, исто како и што ја започнавме со медал од Светската премиер карате лига во Атина“, заврши Заборски.

Од останатите натпреварувачи на Макпетрол на овој турнир во Венеција високи пласмани обезбедија и  Јована Мицовска и Данило Божовиќ, кои завршија на седмото место.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе