Извршниот комитет на опозициската ВМРО ДПМНЕ одржа седница, на која е одлучено да се формира изборен штаб кој ќе го предводи претседателот Христијан Мицкоски,
а негов заменик ќе биде генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски.
Од партијата соопштија дека се отпочнати и подготовките за избор на кандидат за претседател на Македонија, при што изборот ќе се одржи на Изборна Конвенција која ќе се случи на 2 март 2024 година во Скопје.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.