Неказнивоста како карактеристика генерално гледано доведува да ни се случуваат се потешки и потешки кривични дела во земјата и истата е речиси дел од сите извештаи за човековите права.
Тоа што се случи деновиве и тоа што повторно извршител на едно вакво крволочно кривично дело е лик многу познат во јавноста сторител на многу кривични дела, но ниту еден ден нема одлежано во затвор говори за систем кој го овозможува тоа, систем во кој животот го изгуби едно дете, вели Уранија Пировска од Хелсиншки комитет.