Вести Македонија Најважни

ОЈО ќе бара продолжување на притвор за осомничените за убиството на Вања, завршена обдукцијата на телото

Наредба за истрага и предлог за притвор од 30 дена се очекува за сите четворица осомничени за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска. Осомничените се во Шутка, а таткото на Вања, Александар денеска е на распит во обвинителството.

Таткото вчера беше изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд кога му беше одреден 48 часовен притвор. По наредбата за истрага и предлогот за притвор, осомничените денеска повторно ќе треба да бидат изведени пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд.

Во меѓувреме обдукцијата на телото на Вања во Институтот за судска медицина и криминалистика  во Скопје е завршена. Телото е предадено на семејството. До обвинителството се уште не е доставен наод за обдукцијата, бидејќи се работи интензивно и на другите анализи.

Обдукцијата треба да ги утврди причините за насилната смрт и точното време кога е убиена. Извештајот од обдукцијата е еден од клучните докази во истрагата и расветлување на случајот.

Осомничените- штипјанецот Влатко Кешишов, велешаните Велибор Манев и Боре Видоевски се ставени секој посебно, за да не бидат мета на револт на другите притвореници. Осомничениот за грабнувањето и убиството, Љупчо Палевски- Палчо е во бегство.

Според исказите на осомничените, Александар Ѓорчевски го информирал Павлески за тоа кога Вања ќе го напушти нејзиниот дом во Дебар маало ан улицата Наум Наумовски Борче за да се упати кон нејзиното училиште Песталоци и дека притоа ќе биде сама, без придружба на нејзината сестра.

Вања беше грабната утрината во понеделник на 27 ноември околу 7:30 часот.  Таа, според исказите на осомничените, од кои еден сведочел на самиот чин, била убиена во околу 10 часот истиот ден. Нејзиното тело беше пронајдено во атарот на селото Бразда на периферијата на Скопје, каде бил и опожарениот автомобил Цитроен, кој бил искористен за нејзиното грабнување. На убиството на Вања претходело грабнувањето и убиството на 74 годишниот велешанец Панче Жежовски, кој бил сопственик на Циторенот.

МВР вчера распиша меѓународна потерница по Палчо, првоосомничен за грабнувањето и убиството на Ѓорчевска и на Жежовски.

Таткото на Вања вечерва ќе биде спроведен во Шутка – одреден 48-часовен притвор за Александар Ѓорчевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе