Името на Љупчо Палевски се појавува во повеќе од 10-тина пресуди објавени на судскиот портал. Претежно граѓански но и по некоја кривична.
Во 2013 добил првостепена условна осуда за злоупотреба на службената положба а во 2020 Кривичен условно го осуди за измама на скопјанец со кого склучил договор за продажба на стан во 1998 и иако оштетениот платил 53 илјади германски марки стан не добил. Без исход остана и приведувањето во СЈО но и други случаи со кои се поврзуваше Палевски.
Тоа што осомничен за убиството на 14- годишната вања ѓорчевска е човек кој и е познат на јавноста како сторител на кривични дела, а кој не издржувал затворска казна говори за систем кој го овозможува тоа, смета Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.
Името на Палевски се појавува и како вршител на семејно насилство. Решение на скопска апелација од 2017, ја потврдува привремената мерка против него, чија цел е заштита на член на семејството кој трпел психичко и физичко насилство. Палевски ја нападнал жрвата со погрдни зборови и боксови од кои добила видливи хематоми и модринки потврдени со медицинска документација, може да се прочита во одлуката објавена на судскиот портал.
Медиумите во 2009-та објавија дека Врховниот суд ги потврдил сомневањата на Антикорупциската комисија дека незаконски се исплатени над милион евра отштета на фирмата „УПА Ентерпрајс” на Палевски за уривање на потпокривите на два објекта во Дебар маало кои според највисокиот биле дивоградби.
Елена Ивановска Мукоска