Две сообраќајни незгоди го отежнуваат сообраќајот на раскрсницата кај Мавровка и Судска палата.
Во една несреќа турнат е семафор на раскрсницата и кој сега се заменува. На стотина метри кон МАНУ има судир на камион мешалка и автомобил мини морис. Таму во тек е увид.
Има големи колони возила во правец од Веро Џамбо кон Судска палата и Мавровка.
Нема пријавено тешки повреди на учесниците во сообраќајните судари.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.