Uncategorized Вести Македонија Најважни

Баликесир во Турција- последната етапа на бегството на Палевски-Палчо

Вчера информиравме дека лице од Скопје негов адвокат со негово возило, шкода суперб, го однел во Србија, понатаму таму е оставен во еден хотел. Од таму наредниот ден го превзема исто така друго лице од Скопје со џип „ренџ ровер“ и преку граничниот премин Градина влегува во Република Бугарија. Има транспорт практично низ територијата на Р. Бугарија и влегува во Турција, рече на вечерашната прес-конференција министерот Оливер Спасовски.

  • Во Турција оди во градот Баликесир и нашите служби од секторот за меѓународна полициска соработка стапуваат во контакт, директно во контакт со нивен оперативен извор кој за многу кратко време даде повратна инфромација дека лицето е во Баликесир. Неговите намери се оттаму да замине за Истанбул, таму останува во Баликесри и се подготвува со такси возач, најмува за да оди во Истанбул, рече тој.

Според него тука практично било симулирањето дека ќе оди и повторно се враќа назад во градот и денеска попладнево турските колеги го апсиле додека се движел пешки по еден од автопатите околу Баликесир.

Љупчо Палевски Палчо е фатен во Баликесир, главен град на истоимената административна област во западна Турција која излегува на две мориња, а градот е на растојание од околу 280 километри од најголемиот турски град Истанбул.

Баликесир е град кој има околу 330 илјади жители, провинцијата со исто име излегува на Мраморното и на Егејското Море и се граничи со провинциите Бурса и ЧанакКале, а се наоѓа меѓу градовите Измир и Бурса.

Спасовски наведе дека Палевски е уапсен додека се движел сам и пеш по еден од автопатите во Баликесир. Уапсен е денеска попладне.

Партијата на Палчо мора да биде дерегистрирана, Спасовски обвини за странско влијание

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вашингтон соопшти: Постигнат е трговски договор со Кина

Дејан Дејан

Индија и Пакистан постигнаа договор за прекин на огнот

Дејан Дејан

Путин предложи директни преговори со Украина на 15 мај – Зеленски: Те чекам лично во Истанбул

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе