Од опозицијата бараат оставка од министерот за внатрешни работи и наведуваат дека „ВМРО-ДПМНЕ не се вмешуваше и се воздржуваше од било какви изјави во случајот со исчезнатото девојче Вања со цел да се дозволи простор за неоптоварена истрага околу криминалниот случај на киднапирање.“
-На огромна жал овој случај има трагичен крај. Изразуваме длабоко сочувство до семејството и до сите роднини и пријатели на починатата, соопштија од партијата на Мицкоски.
Сметаат дека одговорноста треба да заврши во неспособноста на министерот Спасовски.
-Но, она што мора да се нотира е еклатантната неспособност на министерот Спасовски кој се занимаваше со организирање самит наместо навремено да реагира. Тој е брука и срам за полицијата и не е во состојба да ги заштити граѓаните. Зошто молчи полицијата за случајот со исчезнатиот граѓанин на Велес? Како полицијата на Спасовски дозволи среде Скопје да хара криминална група и да киднапира и убива недолжни граѓани? Нема скандал кој не се случи во овој негов мандат. Спасовски оставка веднаш, велат од ВМРО-ДПМНЕ и наведуваат дека под водство на актуелниот министер во МВР се случија скандалите со пасошите на криминалците од странство и контроверзни набавки и тендери.