Вести Македонија Најважни

(живо)Бубевски: Имаме признание од осомничените, а за бегалецот ќе биде распишана меѓународна потерница, ќе бараме највисока можна казна

„Инволвираност на четири лица во два кривично правни настани во кои се пронајдени две жртви испита четири лица. Во просториите на ОЈО тројцата за сите петмина за кои постои основи дека се извршени овие кривично – правни дејствија имаме признане кој за што бил задолжен,“, рече главниот јавен обвинител Гаврил Бубевски на прес-конференцијата која се уште трае.

  • Тие извршиле две кривични дела грабнување, кои се поврзани со користољубие и убиства кои се кфалификувани кривични дела заради поврзаноста на сторителите тое добива најтешка квалификација и се казнува со најтешка казна која може да се изрече во Македонија, рече Бубевски.

Тој истакна дека 48-часовен притвор е изречен заради обработка на доказите и обдукцијата на телата, по што МВР ќе излезе со соодветна пријава и ЈО ќе отвори постапка по што ќе може да кажеме повеќе детали. Сега се води предистрага, законот тоа ни го дозволува. Опасност од бегство и влијание и ќе биде побарана најтешка можна мерка за присуство на обвинетите. Ќе биде издадена и меѓународна потерница за лицето кое не е во државата спорен привичните информации.

На новинарско прашање Бубевски одговори дека поради интензивната потрага по детето во јавноста, осомничените одлучиле откако ќе го ликвидираат детето да ги бараат парите. Тој додаде дека времето на лишување од лижот е според тоа што тие го признале, а тоа се уште се утврдува и се чекаат материјалните докажи и обдукцијата.

Во однос на инволвираноста на таткото и двајца од осомничените, рекоа дека кога детето ќе излегува го дознале од осомничениот кој не е во државата, а тој ги имал тие информации од таткото.

Девојчето е грабнати внатре во влезот на зградата, одговори на новинарско прашање Бубевски. Осомничените кои се во притвор и оној по којшто се трага се организирана група и сега ги истражуваме нивните врски со таткото. Само посредни докази укажуваат на тоа дека таткото кажал кога таа ќе излегува од дома, значи тој имал одредан комуникација со нив. Двајцата од тројцата осомничени кажале дека сонанијата за тоа кога од каде и во колку девојчето ќе излегува од дома, објасни Бубевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во израелски напади во Појасот Газа загинаа десет лица, меѓу кои и три деца

Дејан Дејан

Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница

Дејан Дејан

Папата Лав Четиринаесетти ги повика светските сили да ги прекинат сите војни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе