Се бара 48 часовен притвор за тројца од приведените петмина поврзани со истрагата за исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска соопшти ОЈО Скопје.
Предлогот е доставен до Основниот кривичен суд Скопје со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот.
“Сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани” соопшти Обвинителството.
МВР за Телма вели дека интензивно работи на расчистување на случајот.Јавното обвинителство и
МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката.