Вести Македонија

Во Битола има Советодавен центар за поддршка на жртвите од семејно насилство, но, шелтер центарот нема капацитет и е со лоши услови

Ирена Димовска од Битола 6 години била жртва на семејно насилство. Вели тешка е одлуката да се пријави насилникот, затоа што потребен е план и поддршка за жената да избега од него. Тоа е долг и мачен процес вели Димовска, која одлучи  јавно да зборува за да ги охрабри  и другите жени.

-Патот низ институциите е тежок и не е секогаш пријавен ако не се пријави тоа  е исто како да не се случило, мора да се пријави и да не се турка тоа под тепих, вели Ирена Димовска, жртва на семејно насилство.

Женскиот советодавен   центар за поддршка на  жртвите од семејно насилство во Битола е формиран пред 1 година. Во овој период пружана е помош на 57  жени и малолетни деца.

-Колку време ќе се живее во насилно партнерство зависи од тоа колку имаме сервиси и колку имаме услуги да им  понудиме. Очекуваме дека повеќе ќе се пријавува. Не е лесна одлуката жртвата да пријави да побара помош и да излезе од таа насилна релација, вели Гордана Ристевска Димитровска, психијатар  во Советодавен центар за жртви од семејно насилство Битола.

Алармантна  е состојбата и на национално ниво. Според статистиките на МТСП   годишно има од 1300 до 1500 нови случаи на семејно насилство Но, тоа  е  само 2 проценти од вкуниот број, покажа истражувањето на ОБСЕ. Жените ги пријавуваат само најсериозните инциденти., затоа што жртвата нема целосна заштита откако ќе го напушти насилникот

-Обезбедувањето на сеопфатна заштита  е многу поважно затоа што со самото пријавување жената ја ставаме во ризик ако не обезбедиме соодветна заштита во моментот  кога ќе пријави. Многу поинтензивно треба да работиме на соодветна заштита, Елена Димушевска,  Национална мрежа против насилство врз жените.

Во Битола, Шелтер центарот е  со слаб  капицитет и  лоши услови. Од општината велат дека тоа е комплексна тема, но  после  формирањето на Центарот за поддршка,   следен чекор е да се работи на соодветна заштита на жртвите.

-Од тука можеме понатаму да размислуваме за поголеми капацитети и да имаме Регионален  шелтер центар за жртви од насилство, вели Габриела Илиевска, претседател на Совет на Општина Битола.

Со панел дискусијата „Заштити се, зборувај гласно“, општина Битола се вклучи во  кампањата на глобално ниво  „16 дена активизам  против родово базирано насилство“.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе