Вести Свет Топ вести

Продолжуваат борбите во Газа, убиени 200 Палестинци, сирени за тревога во јужен Израел

По еднонеделното примирје, Израел денеска изврши нови напади врз Појасот Газа. Министерството за здравство во Газа, кое го води Хамас, соопшти дека речиси 200 Палестинци се убиени од прекинот на привременото примирје меѓу Израел и палестинската група, објавува британски „Гардијан“.

– Ги гаѓаме воените цели на Хамас низ појасот Газа, изјави портпаролот на Изралеските одбранбени сили Џонатан Конрикус.

Палестински извори, пак, соопштија дека по прекинот на примирјето и продолжувањето на непријателствата, вооруженото крило на Хамас добило „наредба да продолжи да се бори“ и да „го брани Појасот Газа“.

Изралски „Тајм“ пренесува дека изутринава се огласиле сирените за воздушен напад во пограничните населби Холит и Суфа на југот на Израел. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Жестоки борби се водат во јужниот дел на Газа. Во текот на ноќта израелската армија извршила опсежни операции против Хамас и други вооружени групи во Газа, а борби се водат во јужниот дел на палестинската енклава, јавуваат израелските медиуми.

Копнени борби им и во областа Кан Јунис, каде, според разузнавачките податоци, има членови на раководството на Хамас. Военото радио „Канал 12′ извести дека израелските сили дејствуваат и во градот Газа и Беит Лахија, во северниот дел на Газа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите со масовни блокади низ улиците во Србија

Дејан Дејан

Почнува со работа „One Stop“ системот на граничниот премин Табановце

Дејан Дејан

Македонски државјанин со возило излета кај Хоргош во Србија, има загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе