Спорт Фудбал

Македонија напредуваше едно место на ранг листата на ФИФА

Нерешениот резултат во последниот настап од квалификациите за Европското првенство на фудбалската репрезентација на Македонија и донесе скок од едно место на најновата ранг листа на ФИФА.

Македонија овој месец ќе го мине на 65. место и се наоѓа пред селекциите на Јужна Африка и ДР Конго.

На лидерската позиција и натаму останува Аргентина пред Франција, а пласманот го корегираше Англија која сега е трета, а напредок бележи и Белгија која се наоѓа на четвртото место потиснувајќи го Бразил на петтата позиција.

Шеста е Холандија пред Португалија и Шпанија, а десетте најдобри селекции на светот ги заокружуваат Италија и Хрватска.

Од земјите во регионот Србија е на 34 место, Грција овој месец ќе го мине на 47-та позиција додека Словенија е 54-та.

Пад бележи и репрезентацијата на Албанија сега е 62-ра додека Босна и Херцеговина и Црна Гора се на 69. и 70 место.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе