Франческо Бањаја ја одбрани шампионската титула во Мото ГП шампионатот откако неговиот најголем ривал Хорхе Мартин предвреме ја заврши трката за Големата награда на Валенсија. Италијанецот на мотоциклот на фабричкиот Дукати со победа ја заокружи сезоната.
DOMINANT. A FIGHTING CHAMPION 👑@PeccoBagnaia WINS THE RACE AND THE TITLE 🏆#ValenciaGP 🏁 | #PECCOvsMARTIN pic.twitter.com/7lbbx4YFVe
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 26, 2023
Бањаја стартуваше од пол-позицијата поради казната на Маверик Вињалес од три места. Мартин беше подолу, но имаше феноменален старт и брзо се проби на второто место. Веднаш агресивно го нападна Бањаја, па направи грешка и падна дури до осмото место. Потоа во обид да го надомести загубеното, возеше уште поризично па по еден контакт со Марк Маркез, двајцата завршија надвор од патеката на 22 круга до крајот.
Бањаја потоа возеше без притисок, математички беше шампион, бидејќи имаше предност од 14 бодови уште пред стартот на трката. Италијанецот на крај ја заокружи титулата со победа пред Фабио ди Џанантонио и Јоан Зарко.
Сепак, по трката, Џанантонио доби казна од три секунди поради прекршување на правилата за притисок на пневматиците и автоматски беше деградиран на 4.место. Втор официјално е Зарко, а на подиумот се искачи Бред Биндер.