Вести Економија Топ вести

Соларни централи со максимален капацитет од 50 мегавати – ТИРЗ отвори постапка за локации во пет зони

Дирекцијата за ТИРЗ објави отворена постапка за доделување на локации во пет различни технолошко индустриски развојни зони за изградба и поставување соларни централи. Склучување на јавно-приватно партнерство за проектирање, изградба, стопанисување и финансирање на овие централи е предвидено во ТИРЗ Скопје 1 и Скопје 2, ТИРЗ Штип, ТИРЗ Струмица, ТИРЗ Прилеп и ТИРЗ Струга.

„Со ова целта е да се искористи дел од земјиштето во склоп на зоните кое во изминативе години, а во некои случаи повеќе од 15 години, е неискористено. Во најголем дел станува збор за парцели кои не се погодни за изградба на производствени капацитети. Со ова ТИРЗ сака да придонесе кон зајакнување на енергетските капацитети на државата како и на забрзување на транзицијата кон економија базирана на зелена енергија што е глобален тренд“, се наведува во денешното соопштение од ТИРЗ.

Согласно изработената студија на изводливост, како што се посочува во соопштението, се очекуваат инвестиции од 40 милиони евра и максимален инсталиран капацитет од 50 мегавати. Постапката е деллива што отвора можност да инвестираат повеќе компании. На повикот важат исти услови за инвестирање и за домашни и за странски компании.

„Државата ќе добие процент од приходите на секоја од компаниите што ќе инвестира, а предвиден е и дополнителен фиксен надомест за земјиштето. Договорите ќе бидат склучени на 25 години, а според проценките во Студијата која ја изработи реномираната меѓународна ревизорска куќа Грант Торнтон, само фиксниот надомест за овој период е проектиран на 14 милиони евра. Овие средства ќе бидат наменети за покривање на трошоците за подготовка на самото земјиште во Зоните, како и за други инфраструктурни зафати со цел побрза и поуспешна реализација на овие инвестициски проекти. Дел од приходите ќе се користат и за финансирање на други тековни иницијативи на ТИРЗ за поддршка за млади“, информираат од ТИРЗ.

Повикот е отворен 35 дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе