Македонија

Годинава 46 нови случаи на ХИВ позитивни во Македонија, повеќето од нив се мажи

Со намалувањето на ковид пандемијата и зголемувањето на тестирањата за сексуално преносливи болести, на Инфективната клиника последниве години биле забележани 40 до 50 нови случаи на позитивни пациенти на ХИВ вирусот. Таа бројка расте и годинава, со откриени 46 нови ХИВ позитивни, од кои повеќето се од машката популација.  Се променил и трендот на ХИВ инфицирани, годинава. Од доминантно во минатото кај хомосексуалците, сега кај хетеросексуалните мажи, вели д-р- Велимир Савески.

  • За 2023 година имаме 46 нови случаи на ХИВ, од кои 41 случај се на редовен антивирусен третман. Она што сакам овде да го кажам клучно, е дека 1/3 скоро од пациентите се откриени во доцна фаза на болеста. Тоа е она што за кај нас е поразително. И овој факт генерално е предизвик за многу голем број европски земји, вели д-р Велимир Савески од Инфективната клиника.

За разлика од женската популација која е многу поотворена за проблемите со сексуалното и репродуктивното здравје зашто посетува матични гинеколози,  мажите се многу позатворени на оваа тема. Затоа е потребна едукација, велат од Асоцијацијата „ Хера“.

  • Информациите и фактите велат дека 36% од младите кои што се сексуално активни не користат заштита, не користат кондоми, вели Весна Матевска, програмска раководителка во „ Хера“.

Во ноември, како месец за грижа за машкото здравје, „ Хера“ се приклучува кон Европската недела на тестирање за ХИВ и за други сексуално преносливи инфекции. А, мотото на кампањата е „ Грижи се за себе“.

  • Секое трето лице во земјава кое што е ХИВ позитивно, фактите велат дека не е свесно за својот ХИВ позитивен статус. Токму заради тоа, поттикнуваме, мотивираме, мажите и момчињата да се тестираат за ХИВ и дополнително да добијат бесплатни тестови , пакет услуги за Сифелис, Гонореа и Кламидија, вели Матевска од „ Хера“.

Според доктор Савески, доколку се открие ХИВ во рана фаза , со примање терапија пациентот ќе има квалитетен живот. Во спротивно , може да добие СИДА и да заврши на Интензивна нега. Тој апелира државата да ги нормализира тестирањата и лекарските прегледи.

Бесплатното тестирање за ХИВ и други сексуално преносливи болести во „ Хера“ ќе се одвива од 20 до 26 ноември, со закажување во нивните младински центри на телефонскиот број 02/ 3176-950. А, тестирања се вршат и на Инфективната клиника, чија амбуланта за потребите на пациентите има психолог и социјален работник.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Марш за ангелите“ во Скопје- Штипска апелација денеска ќе ги објави одлуките по жалбите на осомничените за Кочани

Дејан Дејан

Братот на градоначалникот Стефковски „отрчал“ во станица за да плати казна за пребрзо возење на Велигден, Тошковски најави кривични за началник кој наредил полицаец да пише казна на друг човек

Дејан Дејан

Османи: Оваа влада нема интерес да го продолжи процесот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе