Вести Македонија

Силниот ветер во Струмичко урна покрив, откорна дрвја и искина електрични кабли

Силниот ветер, кој во струмичко дува со брзина од над 80 километри на час, досега предизвика штети на повеќе места уривајќи покрив, откорна дрвја и искина електрични кабли.

Според информацијата од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, најмногу штета има во општинскиот центар Василево каде е урната лимена покривна конструкција на еден објект во непосредна близина на училиштето, а еден дрвен столб за пренесување струја е оштетен.

Досега имавме четири интервенции во градот и Василево. На три улици имаше пријавено дека ветрот откорнал дрвја. Нашите екипи интервенира и ги отстранија остатоците. За среќа од падот на дрвјата нема повредени и не се предизвикани поголеми штети, изјави Гудев.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Регионален центар Струмица, информираа дека покрај досегашните штети кај нив е пријавено дека во селото Костурино има искинати кабли за пренос на струја и дека се работи на санирање на штетите.

Според земјоделци, на удар на силниот ветер се и пластениците под кои најмногу има засадено зелка. Засега не се евидентирани поголеми штети, освен кај пластеници кои се покриени со постари полиетиленски платна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје

Дејан Дејан

Малиот Амр меѓу животот и смртта– симбол на страдањето на децата во Газа

Дејан Дејан

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе