Вести Економија Топ вести

ММФ: Раст од три проценти следната година, пристап до 200 милиони евра во рамки на Линијата за претпазливост и ликвидност

Економијата на Северна Македонија и понатаму продолжува да се опоравува од европската енергетска криза од минатата година. По силниот економски раст во првата половина на 2023 година, тимот на ММФ проектира дека економијата оваа година ќе расте за 2,3 проценти, а потоа за 3 проценти следната година,  се наведува во изјавата од Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) по посетата на Скопје од 31 октомври до 13 ноември годинава.

Тимот на ММФ и властите постигнале договор на ниво на тим во врска со првиот преглед кој се прави во рамките на Линијата за претпазливост и ликвидност на ММФ, што е предмет на одобрување од страна на Извршниот одбор на ММФ.

-Откако ќе биде одобрен, Северна Македонија ќе има пристап до околу 200 милиони евра според сегашниот курс). Властите имаат намера да повлечат околу три четвртини, а остатокот да го третираат како средство за претпазливост. Договорот ги поддржува намерите на властите и понатаму да продолжат да ги намалуваат буџетските дефицити, повторно да ги градат фискалните бафери, да се борат со инфлацијата и да ја зачувуваат финансиската стабилност. Освен макрофинансиската стабилност, подобрувањето на животниот стандард ќе бара поттикнување на инвестициите, подигнување на растот на продуктивноста и забрзување на зелената транзиција, информираат од ММФ.

Според ММФ, домашната побарувачка се очекува да се зголеми во текот на следната година, поддржана од засилувањето на јавните инвестиции како што се проектите за патните коридори 8/10-д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе