Вести Свет

Нетанјаху категорично ги отфрла повиците за примирје во Газа

Израелскиот премиер повторно ги отфрли повиците на меѓународната заедница за примирје во Газа, инсистирајќи дека израелската офанзива во појасот ќе продолжи се додека Хамас не биде уништен. Дипломатскиот притисок врз Израел се зголемува со секој поминат ден, и особено со продирањето на армијата се подлабоко во Газа. Последната ситуација која го привлече светското внимание се однесува на најголемата болница во Газа, Ал Шифа, околу која со денови се водат жестоки борби, и за која СЗО оцени дека поради хроничниот недостаток на струја, лекови и медицински материјали, и со 2.300 цивили кои се засолнуваат во неа, таа повеќе не фунцкионира како болница. Нетанјаху инсистира дека на заглавените пациетни и медицински персонал им понудиле помош, меѓу која и гориво, но Хамас, кои според изралеската армија, поставиле команден центар во тунелите под болницата, го спречуваат тоа.

  • Синоќа им понудивме да им дадеме доволно гориво за да функционира болницата, да функционираат инкубаторите итн, бидејќи, очигледно ние не водиме војна против пациенти и цивили. Мислам дека секоја смрт на цивил, секоја смрт на бебе е трагедија. Но, таа трагедија треба да лежи исклучиво на рамењата на Хамас, кој своите воени инсталации ги поставува во болници, своите командни центри во болници, во училишта, во бегалски кампови, во капацитети на ООН, итн, изјави Нетанјаху.

Во меѓувреме на меѓународната сцена се води дискусија за тоа какво примирје треба да биде прогласено во Газа, за да им се помогне на палестинските цивили. Зборувајќи на дебата организирана од германските медиуми, канцеларот Олаф Шолц изјави дека сеопфатен премин на огнот ќе му оди во прилог само на Хамас, кој може да го искористи тој период да се регрупира и да произведе повеќе ракети со кои ќе го гранатира Израел. Размислувајќи на иста линија, и ЕУ во заедничка изјава на сите 27 членки, повика на прогласување повеќе кратки хуманитарни прикини на борбите.

  • Во оваа изјава на 27-те членки на ЕУ, бараме итни паузи. Зборувам во множина, не една, туку повеќе паузи. Но, тоа е целта. Овие итни паузи и хуманитарни коридори треба да бидат воспоставени за да се одговори на критичната состојба на луѓето во Газа. Бараме од Израел да покаже максимална воздржаност за да се зачуваат животите на цивилите. Ја осудуваме употребат на Хамас на луѓе и болници како штитови, но исто така изразуваме и загриженост за критичната ситуација на болниците, кои се тешко погодени од бомбардирањата, изјави Жозеп Борел – Висок претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ

И додека меѓународната заедница дебатира како да им помогне на Палестинците во Газа, израелската армија методично напредува на северниот дел од појасот, кој комплетно го отсече од јужниот. Војната, која влезе во шестата недела започна со грозоморниот напад на Хамас врз јужен Израел, во кој беа убиени 1.400 лица, а повеќе од 250 беа земени како заложници. Во израелскиот одговор во Газа, според Хамас, загинале над 11.000 цивили, две третини од кои се жени и деца.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична за директорот на „Национален парк Маврово“ – штета над 3 милиони денари

Дејан Дејан

92-годишен маж прогласен за виновен за силување и убиство кое го извршил пред 58 години во Бристол

Дејан Дејан

Топлотен бран ја гори Европа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе