Оддел во болницата Ал – Шифа и канцеларија на ОН цел на израелските воздушни напади. Во експлозија уништен кардиолошкиот оддел во здравствената установа Ал – Шифа, целосно се разурнати два ката од објектот, тврди палестинскиот заменик министер за здравство но засега нема информации за жртви и повредени во нападот.
Израел пак негира дека извршиле напад врз болницата. Претседателот Исак Херцог обвини дека Хамас стои зад бомбардирањето.
Покрај болницата , гранатирана била и канцеларија на ОН во Газа во текот на ноќта. Организацијата јави за голем број загинати и повредени лица.
Граничниот премин Рафа пак, денес повторно е отворен за оние кои поседуваат странски пасоши. Евакуацијата од појасот Газа во Египет за странски државјани и Палестинци на кои им е потребна итна медицинска помош беа прекинати во петокот, пишува Хаарец.
Израелската армија денеска отвори нови коридори за бегство на цивили на југ од палестинската територија.
Иранскиот претседател повика на формирање влада со гласање од „Палестинците, вклучително и муслиманите, христијаните и Евреите“ по завршувањето на војната во Газа.
,,Изјавата од Исламската Република е со цел да го разоткрие главниот виновник зад оваа ситуација.Ние веруваме дека американците ја играат главната улога . Тие имаа главна улога во создавањето на овој лажен режим, режим кој го одржуваат во живот, а денес американците ја имаат најголемата улога во ужасните злосторства (кои се прават)’’ – изјави Ебрахим Раиси претседателот на Иран.
Безброј повици за прекин на огнот ширум светот. Во последниот протест за прекин на оваа војна во Лондон, демонстрантите ја запалија сликата на израелскиот премиер . На вчерашниот протест во Лондон присуствуваа околу 300 илјади демонстранти. Според Би -би – си ова е најголемиот пропалестински спбир во Велика Британија од почетокот на војната во Газа. Бројот на лица уапсени од полицијата на вчерашните контрапротести во Лондон се искачи на 126, соопштија властите во британската престолнина.
Марија Коцева