Вести Најважни Свет

Израел се согласи да ги евакуира бебињата од болниците во Газа

Израелската војска соопшти дека се согласила да помогне во евакуацијата на бебињата од болницата Ал-Шифа во Газа во „побезбедна“ установа.
Најмалку 20 новородени бебиња кои се чуваат во болницата.
Докторите велат дека две предвремено родени бебиња починале поради недостиг на електрична енергија во Ал-Шифа; а главниот хирург претходно изјави дека установата останала без вода, храна и струја.
Израелската војска ги отфрли обвинувањата дека ја нападнала Ал-Шифа – најголемата болница во Газа – но призна дека во таа област се случуваат судирите со милитантите на Хамас, кои според Израел дејствуваат од тунелите под болницата. Хамас пак негира дека имаат тунели под болницата.

Според добротворната организација Лекари без граници (MSF) – болниците во Појасот Газа се под „немилосрдно бомбардирање“ во последните 24 часа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се крати времето за патување од Градско кон Прилеп, Битола, Ресен… – делницата Фариш – Дреново, дел од коридорот 10д, отворена за сообраќај

Дејан Дејан

Пожар близу границата со Грција, се слуша пукање на муниција, опсаност и од неиспукани гранати

Дејан Дејан

Ангела Меркел ја критикува политиката на германската Влада кон барателите на азил

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе