Вести Свет

Пијан поштар делел пари на гости во кафана

Наместо да им ги испорача на пензионерите, пијан поштар во Бјелина парите ги делел на гости во кафана.

Порталите од Република Српска информираат дека  поштарот толку се напил во кафеана што во еден момент ја отворил торбата во која имал неподелени пензии и почнал да им дели пари на гостите. Дошло и до расправија и тепачка меѓу гостите. Потоа во кафаната дошла полициска патрола и го однела поштарот во станица.

Полицијата на информативен разговор го повикала и директорот на Пост Српска, работната единица во Бјелина.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителството отвори постапка за фалсификати во Чаир

Дејан Дејан

СЗО: Осаменоста предизвикува многу болести кај луѓето

Дејан Дејан

Бензините поевтинуваат за два денара, дизелот за денар – на полноќ паѓаат цените на горивата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе